Тринационален камп – Меѓународен камп – Hallo / Salut / здраво

Во рамките на тринационалниот проект Hallo / Salut / Здраво Europe беше организиран меѓународен камп во периодот од 7-ми до 15-ти август 2021 година. Кампот претставува прва фаза од проектот и беше одржан во извидничкиот центар на ДПСГ Вестернох, Германија. Имаше вкупно 42 извидници вклучени како учесници во проектот, на возраст од 14 до 18 години: 18 од Франција, 7 од Германија и 17 од Северна Македонија. Дополнително, секоја земја имаше по двајца лидери одговорни за организацијата, програмата и логистиката потребна за кампот. Самиот проект има за цел да ги запознае учесниците со целите за одржлив развој и да ги поттикне да работат на локално и национално ниво, како и да ја доближат културата и традицијата на нивните пријатели од другите земји. Проектот вклучуваше подготвителни активности пред кампот (одржани онлајн поради пандемијата), тринационален камп во Германија и активности во локалната заедница по завршетокот на кампот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *