ЈАВЕН ПОВИК за учесници на Тренинг камп АКАДЕМИЈА

Проект “Млади – агенти на промената” EuropeAid/171333/DD/ACT/MK
ЈАВЕН ПОВИК за учесници на Тренинг камп АКАДЕМИЈА за
средношколци за волонтеризам и активизам

  1. За проектот
    Проектот “Млади – агенти на промената”, финансиран од Европската Унија, е имплементиран
    од страна на Центар за интеркултурен дијалог во партнерство со Сојуз на извидници на
    Македонија и Новус – Струмица. Истиот ги адресира младинските иницијативи, активизмот и
    волонтерството како едни од клучните предуслови за подобрување на демократијата и
    партиципативноста на локалната власт како и зајакнување и сеопфатно директно вклучување на
    граѓаните во демократските процеси на локално ниво.
    Проектот има за цел да го зголеми младинскиот активизам преку волонтирање за да се
    обезбеди сеопфатна социјална инклузивност и развој на локалните заедници. Крајни корисници
    на проектот се средношколци, студенти, млади активисти, млади, жени, млади со попречености,
    младински иницијативи, локални младински совети и локални членови на заедниците на
    општините Центар, Куманово и Струмица како примарни таргет општини и уште 7 секундарно
    таргетирани општини во Северна Македонија.
    Специфични цели на проектот:
    Да се зајакнат неформалните мрежи на млади активисти и волонтери, за нивни теренски
    капацитети кон локалните власти и граѓаните, како и нивните мониторинг и застапувачки
    капацитети.
    Да се изгради одржлив образовен систем во средните училишта за зајакнување и поттикнување
    на младите и младинскиот активизам за нивниот теренски капацитет кон локалните самоуправи
    и граѓаните, како и во нивните капацитети за следење и застапување.
    Активностите на проектот целат кон остварување на четири главни резултати:
    Воспоставен механизам за соработка на младите активисти и волонтери со општините
    “пријатели на волонтерите” во процесот на носење на позитивни промени
    Развиени компетенции и вештини на професори во средни училишта преку воспоставување на
    програми за младински активизам на локално ниво преку неформално образование
    Млади со стекнати вештини да делуваат на локалните институции директно и преку локалните
    младинските совети
    Крената свест за важноста за младинските иницијативи, активизам и волонтерство на локално
    ниво
    Проектот започна со имплементација во март 2022 година и се очекува да заврши во август 2024
    год.
    Проект “Млади – агенти на промената” EuropeAid/171333/DD/ACT/MK
  2. За Академијата за волонтеризам и активизам
    Академијата за волонтеризам и активизам претставува тренинг камп наменет за средношколци
    кои во текот на 7 дена ќе се стекнат со вештини за делување на локално ниво, соработка со
    локални институции и учество во работата на локалните младински совети.
    Академијата ќе служи за вмрежување на млади од исти региони во процесите на застапување
    пред општините, за промоција на дигитална писменост, интеркултурно учење, стручно
    образование, критичко размислување, разбирање на инклузивноста и диверзитетот и
    промовирање на вредности за солидарност, еднакви можности и човечки права помеѓу
    младите.
    За време на академијата младите ќе имаат можност да дискутираат како, кога и со чија помош
    можат да направат промена на локално ниво. Ќе учат од реални примери и проекти на искусни
    активисти од Северна Македонија и регионот.
    Академијата ќе се реализира на отворено, преку камп методологија со едукација во природа
    работејќи согласно извидничките принципи и вредности, кои придонесуваат во градење на
    индивидуи кои го достигнуваат нивниот полн потенцијал. Кампот ќе вклучи 100 учесници од
    10тина општини и ќе се одржи во период од 15 до 22 август 2022 год.
    Програмскиот дел ќе биде составен од различни едукативни пакети составени од голем број на
    сесии кои вклучуваат волонтеризам, активизам, младинско учество на
    локално/национално/регионално ниво, младински легислативи, чинители за млади, младински
    програми, здружување и проектно работење. Учесниците ќе можат да го креираат самостојно
    својот едукативен пат согласно нивните интереси и цели. Фасилитирани од активисти кои своето
    искуство и знаење ќе го пренесат на атрактивен и интерактивен начин ветуваат уникатно
    едукативно искуство.
    Учесниците на академијата ќе имаат можност во наредниот период да се вклучат во локалните
    неформални мрежи на “агенти на промени” и заедно со нивните врсници да бидат вистински
    носители на позитивни промени преку организирање и имплементирање на микро и мали
    проекти финансирани од Европската Унија.
  3. Цели на повикот
    Целта на овој повик е да се поканат зантересирани млади, активни и неактивни во младински
    организации и училишни клубови да се пријават да бидат дел од едукативна и атрактивна
    академија за млади за волонтеризам и активизам поддржана од Европската Унија.
  4. Сместување и исхрана
    Сместувањето е во шатори за кампување покрај Охридското Езеро во Извиднички Центар
    Охрид. Исхраната е во централна кујна и вклучува 3 оброци дневно, храна и освежување.
  5. Трошоци за учество
    Трошоците за учество на академијата се целосно покриени од проектот поддржан од Европска
    Унија. Патните трошоци во висина на повратен автобуски билет од Вашето место на живеење ќе
    Проект “Млади – агенти на промената” EuropeAid/171333/DD/ACT/MK
    бидат рефундирани на лична сметка по завршување на настанот со доставување на оригинален
    автобуски билет.
  6. Профил на учесници
    Учесниците можат да бидат средношколци во средни државни и приватни училишта од
    територијата на Република Северна Македонија родени во период 2004 – 2007 година.
  7. Постапка за аплицирање
    Пријавувањето на заинтересираните кандидати е со пополнување на линкот достапен на 3
    јазици и тоа:
  • Македонски јазик ЛИНК
  • Албански јазик ЛИНК
  • Англиски јазик ЛИНК
    Формуларот за аплицирање се пополнува најдоцна до 7 август 2022 година. При избор на
    учесници ќе се води грижа за еднаква застапеност на машки и женски учесници, како и еднакви
    можности за застапеност на млади од различни региони.
    Учесниците ќе бидат известени за исходот од апликациите најдоцна до 9 август 2022 година.
    Прашања?
    Доколу имате прашања во врска со академијата или процесот на аплицирање, може да нѐ
    контактирате на sim@scout.org.mk или info@cid.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *