
На 30 август 2025 година (сабота), во Поликастро, Република Грција, се одржа работна средба меѓу претставници од Првата извидничка чета на Поликастро и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за важната улога и поддршка која Првата чета од Поликастро ја дава при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“, особено во последните две години за време на пловењето кон Солун.
Средбата помина во пријателска атмосфера, а беа договорени и идни активности и меѓусебни посети на настаните и проектите што ги организираат двете извиднички единици.
Во време на предизвици, ваквите иницијативи докажуваат дека извидничкото движење останува силна платформа за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Грција.
Делегацијата на ИО „Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа:
- м-р Ангелче Гушев
- Владимир Ивановски
- Иван Гушев
- Валентин Јанкуловски

