Форум за меѓународна соработка 2024 – европски извиднички регион

Од 6-ти до 8-ми декември 2024 година, во Малта се одржа Форум за Интернационални Комесари (IC Forum 2024), кој обедини 150 учесници од извиднички организации од целиот европски регион. Настанот, кој е заедничка иницијатива на WOSM и WAGGGS, претставуваше можност за размена на искуства, дискутирање за идни иницијативи и зајакнување на меѓународната соработка меѓу извидниците.



Овој настан е наменет за извидниците кои се задолжени за интернационалната соработка на нивните сојузи со оние од останатите држави – комесарите за меѓународна соработка (интернационални комесари, најчесто се користи кратенката IC од англискиот превод).

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) беше претставен од нашиот комесар за меѓународна соработка, Елисавета Лукановска, која беше дел од организацискиот тим на настанот. Тимот, составен од претставници на различни организации, беше одговорен за логистичката и програмската подготовка, како и за реализација на сесиите.

Во текот на форумот, Елисавета фасилитираше три значајни сесии:

  • Вовед  на нови интернационални комесари, каде беше промовирана новата алатка за поддршка на новите комесари во нивната улога.
  • Младинско учество, сесија која се фокусираше на улогата на младите во креирање на промени.
  • Пристапност на интернационалните настани, каде се дискутираше за начини за обезбедување инклузивност за сите учесници.

Дополнително, Елисавета беше дел од тимот „Listening Ears“ (Слушко), кој се фокусираше на обезбедување на безбедност и поддршка на учесниците, со примена на принципите на безбедност во извидништвото.

Овој форум не само што ги збогати сите учесници со нови знаења и вештини, туку и постави основа за подготовка на Европската Извидничка Конференција, која ќе се одржи во Виена во 2025 година.

IC Forum 2024 беше платформа за градење на врски меѓу сојузите, инспирирање на младите и поставување на основа за идни успеси на извидниците во Европа.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *