13 смотра на Сојуз на извидници на Македонија

Зошто смотрата е толку значајна за извидниците?

Нашата приказна

Смотра е извиднички настан со најдолга традиција и се одржува на секои 5 години од основањето на сојузот. Зад нас се 12 успешни и незаборавни смотри низ целата територија на нашата татковина. Традицијата започнува во далечната 1958 година, во градот Велес, а овој пат 10 дена исполнети со авантура, кампување, забава и едукација ни престојат во историското Крушево.

За овој краток временски период младите луѓе се зближуваат повеќе од било кога, стекнуваат нови пријателства и искуства. Смотра не се опишува со зборови, таа се доживува. 

13та смотра – Достигни ги височините

Програмата на нашата 13та Смотра е поделена во 7 програмски области кои се со едукативен и извиднички-авантуристички дух, а во исто време доволно атрактивен за да го привлече внимание кај децата и младите.

Овие програмски области нудат можност сите присутни да го искусат извидништвото во потполност и да ги достигнат своите лични височини што всушност е и нашето мото „Достигни ги височините”.

СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА 13 СМОТРА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА WWW.SMOTRA.IZVIDNICI.MK

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *