25 Светска извидничка смотра – јужна кореја

25-то Светско извидничко Џамбори се одржa од 1 до 12 август 2023 година, во SaeManGeum, Jeollabuk-do, Република Кореја. На секои 4 години на светско ниво се одржува еден голем и значаен настан – светска извидничка смотра. Секоја се организира на различна локација со извидничка организација во улога на домаќин на овој настан. Камп местото опфаќаше површина од над 900км2 и на истото беа сместени 44000 извидници. Извидниците кои имаат од 14 до 18 години беа учесници и уживаа во следење на програмата додека оние над 18 години беа во улога на волонтери, координатори на програмски области, дел од тимовите за логистика, комуникации и менаџмент на контингентите. 

Ова е втор пат корејската асоцијација на извидници да биде домаќин, по 17-тото Светско извидничко Џамбори кое се одржа во земјата во 1991 година.

Темата на годинашната смотра беше  „Нацртајте го својот сон“,што ја изразува желбата членовите на Извидничкото движење да го трансформираат 25. Светски извиднички Џамбори во свој фестивал и да ги развијат своите соништа преку настанот.

За да бидеш квалификуван младински учесник на 25-то Светско извиднички Џамбори, мораше да сте родени помеѓу 22 јули 2005 и 31 јули 2009 година и да бидете водач на единицата или да бидете член на вашиот тим за управување со контингенти.

На оваа смотра имаше учесници од 155 земји, а контингентот на Сојуз на извидници на Македонија броеше 47 извидници, од кои 27 учесници со нивните тројца водачи формираа 3 патроли кои учествуваа во програмата, 15 волонтери беа вклучени во логистичката и програмска поддршка на кампот а, Елисавета Лукановска  заедно со нејзиниот колега Влатко беа водачи на контингентот одговорни за подготовката на самата група, обезбедување на опрема, логистика околу патувањето, комуникација со родители и чинители, комуникација со организаторите и многу други одговорности.

Елисавета Лукановска и Дино Релушкоски беа дел од оваа смотра и за читателите на Трн го пренесуваат ова единствено искуство – Светска извидничка смотра.

„Во овие улоги многу од извидниците се најдоа за прв пат и морам да признаам дека одлично се справија со сите предизвици кои тие ги носеа“, изјави за читателите на Трн, Елисавета Лукановска, Водач на македонскиот контингент во јужна Кореа.

Елисавета Лукановска е извидник веќе 15 години, активна на локално, национално и интернационално ниво во извидничкото движење. Ова лето учествуваше на единственото искуство – светска извидничка смотра во улога на Водач на македонскиот контингент. 

Дино Релушкоски е извидник e од самиот почеток на работа на Извидничкиот одред „Феникс“ во Прилеп, во 2015 година. Зад себе има многу смотри и кампови и затоа вели дека учеството на оваа смотра му дојде логично.

Целото интервју кое Дино и Ели го дадоа за trn.mk може да го најдете тука

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *