Во период од 14-18.10 2024 година во Јурмала – Летонија се одржа Бест Белт Пан-Европска Конференција на која присуствуваа повеќе од 80 учесници од 60 различни организации долж европскиот зелен појас (железната завеса ) меѓу кои како претставник од страна на Сојуз на Извидници на Македонија беше нашиот генерален секретар Снежана Јанковиќ.
За време на конференцијата се споделуваа добри практики и искуства од страна на претходните грантисти на Бест Белт, за активности планирани за следниот период како и алатки и идни чекори за подобрување и спроведување на самата програма.

Клучен елемент на конференцијата беше проектот BESTbelt, финансиран од ЕУ, кој обезбедува мали грантови за организации што спроведуваат проекти долж Европскиот Зелен Појас. Вкупно 26 проекти од BESTbelt беа презентирани на конференцијата (многу од нив од 28-те проекти кои се во тек и што моментално се финансирани преку првиот и вториот повик за предлози, а некои од новите 21 проекти финансирани преку третиот повик за предлози) за да ги претстават своите проекти. Учесниците исто така посетија три од овие проекти за време на теренска екскурзија за да видат практични примери и резултати од проектите на BESTbelt во регионот.

Дополнително, беа дадени презентации за многу интересни и важни теми за Европскиот Зелен Појас, вклучувајќи го Законот за обновување на природата, потенцијалот на зелените работни места, и многу други актуелни теми.
Со почеток од следната година Сојуз на Извидници на Македонија заедно со Сојуз на Извиднци на Србија и Сојуз на Извидници на Црна Гора ќе биде дел од програмта Best Belt која е финансирана од Европската Унија преку EuroNatur под програмата European Green Belt.
Повеќе за иницијативите BestBelt може да најдете и прочитате на овој ЛИНК


