Форум за организациска отпорност

(Organisation Resilience Study Session on Strengthening – Resilience of Youth Spaces in Europe)

Место на одржување: Стразбур, Франција – Европски младински центар

Време на одржување: 9-13 октомври 2024

Учесници од СИМ: Ана Плетварец (ИО „Феникс“ / член на старешинство на СИМ) и Моника Спасовска (ИО „Скаут“ – Куманово)

Во период од 9-13 октомври во младинскиот центар во Стразбур се одржа форум за организациска отпорност организиран од Европски Регион на Светска Извидничка Организација. На форумот имаше учесници од 17 земји и тоа Азербеџајн, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Германија, Грција, Ирска, Косово, Македонија, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија, Украина и Обединето Кралство. Тимот на предавачи се состоеше од Catarina (Португалија), Steven (Ирска), Celia (Грција) и Rupert (Швајцарија), подржани од Lisa (European Youth Foundation) како и Wouter (European Scout Foundation).

Сојуз на извидници на Македонија имаше двајца свои претставници: Ана Плетварец (член на старешинство на СИМ) и Моника Спасовска (волонтер) кои беа учесници на форумот. 

„Тренингот за организациска отпорност беше една уникатна можност за мене, да ги проширам моите познавања на оваа тема, како и да се запознаам со новата рамка за организациска отпорност подготвена од страна на Европскиот извиднички регион. Особено ми беше чест што запознав и остварив комуникација со други млади од Европа кои се дел од управните тела на нивните национални извиднички сојузи, разменивме идеи и решенија, добри практики и корисни дискусии. Мило ми е што сум дел од приказната за организациска отпорност и што имав можност да дадам свој инпут во креирањето на понатамошни релевантни алатки за националните извиднички организации.“ – Ана Плетварец

Цел/Цели

Во согласност со Препораката CM/Rec(2017)4 на Советот на Европа од Комитетот на министри до земјите-членки за младинската работа, Меѓународната студиска сесија имаше за цел да ги оспособи младите и нивните организации да создадат отпорна младинска работа и младински простори со цел да останат релевантни и одговорни на општествените трендови и промени во времиња на криза.

Специфични цели на студиската сесија беа:

  • Да се поттикне употребата на нови рамки и алатки за зајакнување на организациската отпорност на младинските организации воопшто, а особено на извидничките сојузи, преку засилено мрежно поврзување помеѓу младинските организации.
  • Да се зајакне капацитетот на младинските претставници на извидничките сојузи во Европа и на други младински организации и сектори да бидат активни учесници во националните одбори на своите организации и во процесите на донесување одлуки.
  • Да се обезбеди простор за вмрежување на учесниците каде што можат да разменуваат добри практики во врска со младинското учество и мерките за отпорност во нивната земја.

Алатките за организациска отпорност, кои ќе бидат креирани од овој форум, ќе бидат презентирани во следниот период, а сојузите ќе можат да ги најдат како дел од постоечките сервиси на WOSM. 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *