Во периодот од 20.03 до 23.03.2025 година, во близина на градот Рјека, конкретно во местото Селце, се одржа Ровер Форум, на кој учествуваа извидници од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Настанот беше од едукативно-забавен карактер и имаше за цел да ги поттикне учесниците на размена на искуства и знаења во различни области на извидничкиот живот.

Агендата на форумот вклучуваше бројни сесии, на кои учесниците споделуваа добри практики и начини за успешно водење на Одред, Патрола, Јато и други извиднички групи. Главната тема на настанот беше „Вештини за живот“, која го опфати широкиот спектар на вештини кои се важни за извидниците, како што се младински активизам, комуникациски вештини и организациски капацитети. Нашите учесници, имаа уникатна прилика да ги прошируваат своите знаења во овие области.

Ровер Форумот претставуваше важен настан за зајакнување на меѓународната соработка и размена на знаења, и беше уште еден доказ за посветеноста на извидниците да ги развиваат вештините за живот и да се поврзуваат со своите врсници од други земји.

