Собрание Сојуз на извидници на Македонија 6 април 2025

Успешно спроведено редовно годишно собрание на Сојузот на извидници на Македонија

жНа 6 април 2025 година, во Извидничкиот Центар Охрид, Сојузот на извидници на Македонија го одржа своето редовно годишно собрание. На собранието учествуваа делегати од регистрираните извиднички одреди од целата држава ИПО Галеб – Скопје, ИО Методи Митевски Брицо – Скопје, ИО Димитар Влахов – Велес, ИПО Јадран – Скопје, Прв Скопски Извиднички Одред, ИО Браќа Миладиновци – Скопје, ИО Гоце Делчев, ИО Мирко Милески – Кичево, ИЕО Пионер – Охрид, ИО Феникс – Прилеп, ИО Скаут – Куманово, ИО Наум Наумовски Борче – Крива Паланка, ИО Еквинокс – Штип, ИПО Сидро – Скопје, претставници од придружните членки на СИМ без право на глас ИО Скаут Пелистер – Битола и ИО Даме Груев – Скопје, претставници на органите на СИМ, Старешината Миќо Стојановски и сите членови на Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија како и Генералниот секретар Снежана Јанковиќ со цела извршна канцеларија.

Собранието започна со процедуралниот дел, каде што беше избрано работно претседателство, усвоени деловникот за работа и дневниот ред и беа назначени останатите работни тела потребни за непречено функционирање на собранието.

Во рамките на работниот дел беа разгледани и едногласно усвоени:

  • Записникот од изборното собрание од декември 2024 година,
  • Годишниот наративен и финансиски извештај за работата на СИМ за 2024 година,
  • Презентација на извештајот за работата на ИЗВИДНИК ДООЕЛ,
  • Презентација на годишниот план на работа и активности на СИМ за 2025 година

Собранието заврши со отворена дискусија по точката „разно”, каде делегатите разменија предлози и иницијативи за унапредување на работата на организацијата во претстојниот период.

Со одржувањето на ова собрание, СИМ уште еднаш покажа транспарентност, демократски дух и посветеност кон своите членови, мисијата и визијата за создавање подобро општество преку извидништвото.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *