Работна средба меѓу извидниците од ИО Димитар Влахов и Поликастро

На 30 август 2025 година (сабота), во Поликастро, Република Грција, се одржа работна средба меѓу претставници од Првата извидничка чета на Поликастро и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за важната улога и поддршка која Првата чета од Поликастро ја дава при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“, особено во последните две години за време на пловењето кон Солун.

Средбата помина во пријателска атмосфера, а беа договорени и идни активности и меѓусебни посети на настаните и проектите што ги организираат двете извиднички единици.

Во време на предизвици, ваквите иницијативи докажуваат дека извидничкото движење останува силна платформа за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Грција.

Делегацијата на ИО „Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа:

  • м-р Ангелче Гушев
  • Владимир Ивановски
  • Иван Гушев
  • Валентин Јанкуловски

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *