admin

Сојуз на извидници на Македонија: Година во центарот на вниманието на медиумите – 2023 година

2023 година беше извонредна година за Сојуз на извидници на Македонија, со импресивно присуство во медиумите, прикажувајќи ги нашите активности, достигнувања и влијанието во заедницата. Со приближно 200 статии во различни медиуми, нашата организација го привлече вниманието на јавноста и ја засили нашата посветеност да ги негуваме нашите вредности, чувство за припадност во заедницата и лидерство кај младите. Најдобри моменти од нашето медиумско покривање во 2023 година – како и целиот документ може да го видите ОВДЕ! Обемното медиумско покривање во 2023 година беше доказ за динамичното и влијателно присуство на Сојузот на извидници на Македонија. Секоја статија, сегмент од вестите помогнаа да се засилат нашата мисија и достигнувања, поттикнувајќи подлабока врска со јавноста и инспирација за идните генерации да се приклучат на извидничкото движење. Остануваме посветени на продолжување на нашето патување на раст, општествено корисни активности и лидерство. Целиот документ изработен од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија, може да го најдете ОВДЕ!

Сојуз на извидници на македонија добитник на ознака за доверба

На 22 мај 2024 година се одржа Форумот за филантропија 2024 Форумот за филантропија ги обединува институциите, бизнисите и граѓанските организации, како и сите кои имаат влијание на филантропијата. Огромна благодарност до нашите колеги од Конект за поддршката и довербата Сојуз на извидници на Македонија да го обнови ова признание како организација со ознака за доверба во граѓанскиот сектор. Се радуваме што извидничкото движење како најголема младинска организација во државата е препознаена и ценета од голем дел на бизнис и јавниот сектор. Што е ознака за доверба? Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу ГО и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации (ГО) коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на компаниите, но и на останатите чинители во заедницата. Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба? Начин на стекнување со ознаката за доверба За да може една ГО да ја добие ознаката за доверба таа треба да помине низ процес на оценување кој е составен од само-оценка и оценување од страна на одборот на ознаката за доверба. Принципи и критериуми на ознаката за доверба За да ја стекне ознаката за доверба, ГО треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

сојузување 2024

Во периодот од 29 до 31 март 80 извидници од 17 различни одреди од Македонија поминаа и учествуваа во Сојузување 2024, настан наменет за вмрежување на одредите членки на СИМ. Сојузување претставува значаен момент за Сојуз на извидници, каде што целиме да се обединиме, вмрежиме како лидери и членови на локалните одреди, да споделиме искуства, позитивни практики, да ги разгледаме предизвиците и можностите на нашите одреди и да ги засилиме нашите врски преку подобра комуникација.Оваа прилика ја искористивме да го забележиме значењето на нашата колективна ангажираност кон извидничкото движење и да го подобриме потенцијалот на нашите одреди за понатамошен раст и развој. Со присуство на 50 началници и водачи од 17 различни извиднички одреди активно работеа и учествуваа на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Идентификација на јаките и слабите страни на СИМ и на локалните одреди, Споделување на добри практики, Идентификација на предизвиците со програмата и размена на искуства и Ревидирање на програмата. На сојузување 2024 година присуствуваа и наши 22 старешини и членови од старешинствата на различните извиднички одреди активно ги следеа и учествуваа на сесиите водени од Старешинството на СИМ на Сојузување 2024. Со нивното искуство придонесоа во следното: Предлог на нови модели на членство, Предлог на нова структура на управни тела на СИМ, Статутарни измени и предизвици во СИМ и извидничките одреди. Сојуз на извидници на Македонија е горд што обединува ваква извидничка заедница и се надеваме дека овој ентузијазам и многу позитивни искуства ќе продолжат да растат кај секој од нас. Цели и резултати од настанот:* Јакнење на капацитетите: Стекнување знаења и вештини за подобрување на програмите и работата на извидничките одреди.* Идентификација на јаките и слабите страни: Помагање на одредите во процесот на идентификација на нивните јаки и слаби страни за подобрување на нивната работа* Споделување на добри практики: Размена на успешни практики меѓу одредите* Идентификација на предизвиците со програмата: Детектирање предизвици и наоѓање нови начини за нивно надминување.* Вмрежување: Вмрежување на клучни извидници од извидничките одреди за подобра соработка и размената на искуства.

ИЗВИДНИК НА ГОДИНАТА 2023

Почестени сме што можеме да објавиме дека Сојуз на извидници на Македонија со гордост го доделува признанието Извидник на годината на Andrej Antov! Непоколебливата посветеност, лидерството и придонесот кон извидништвото кое го покажа Андреј и во својот матичен одред Извиднички Поречански Одред Јадран – Скопје и на национално ниво го издвоија како вистинскиот човек за ова признание. Неговиот ведар дух, подготвеност и позитивното влијание врз другите навистина ја отелотворува суштината на тоа што значи да се биде извидник. Оние коишто го номинираа за него велат: “..Андреј Антов со својата посветеност кон одредот и извидништвото воопшто, што се гледа преку неговите активности и не само во ИПО Јадран Скопје туку и во активностите на СИМ на републичко и интернационално ниво, како што е учеството на ( 2 светски смотри во Америка и Јужна Кореја ) учество на Боренка во Сплит во Хрватска, разни форуми и академии како што беа во Струга и Скопје, ја заслужи потполната доверба на старешинството на одредот и поставен е на високо раководно место заменик началник на одред каде во потполност доаѓа до израз неговата организациска способност и посветеност. Андреј е омилен лик во ИПО Јадран Скопје, во СИМ и секаде каде учествува. Се разликува од сите други и по тоа што иако учи во друг град во Штип, секоја сабота доаѓа и раководи со активностите што кажува колку е само посветен и одговорен. Андреј Антов убеден сум дека многу добро го познаваат сите во Сојуз и неоспорно е верен кандидат за титулата извидник на годината за 2023.” Срдечни честитки до Андреј Антов, нашиот извидник на 2023 година!

КРАТОК ОСВРТ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ИЗВИДНИШТВО

“Сместена во срцето на Балканскиот Полуостров, Македонија е земја полна со традиции, разновидни култури и длабоко чувство за наследство. Извидничкото движење се вкоренува во оваа позадина, инспирирајќи генерации млади Македонци да ги прифатат вредностите на должност, чест и подготвеност.” Ви ја претставуваме најновата публикација на СИМ, креирана по повод и во чест на 70иот јубилеј којшто извидниците гордо го прославуваат оваа година. Ве покануваме да нурнете во богатството на извидничкото наследство, да ги откриете нашите најрани почетоци и да ги идентификувате историските пресвртници кои не довеле до тука. Секако, не заборавајте ни да се пријавите на последната активност за оваа година – Изложба за историјата на СИМ, во вашите одреди или пак директно кај нас. Клик за линк до публикацијата

свечена академија 70 години сим

Во текот на месец ноември извидниците на различни начини го прославија свечениот јубилеј – 70 години постоење на Сојуз на извидници на Македонија. Централниот настан беше Свечената Академија, каде што извидници од целата држава, претставници од одредите, како и поддржувачите на извидништвото се собраа и заедно рефлектираа за патешествието кое извидниците го имале во изминатите 70 години. Години исполнети со: Неформално образование – Авантура – Младински активизам – Другарување – Животни вештини и личен развој! На овој настан имавме можност во извиднички дух да се подружиме, да погледнеме во минатото и да се потсетиме на сите успеси, да се сретнеме со дел од основачите на различните извиднички одреди, да се инспирираме за следните активности и да погледнеме кон иднината, бидејќи ова извидничко движење постои за децата и младите! Извидничките роденденски желби оваа година се: да останеме со ведар дух, да продолжиме да се водиме по извидничките принципи и закони, да продолжиме да создаваме подобар свет!

Државен извиднички ориентационен натпревар 2023 Крива Паланка

Сојузот на извидници на Македонија традиционално секоја година го организира националното натпреварување во извиднички вештини и ориентација, настан кој се организира од поставувањето на самите корени на организацијата. ДИОН е местото каде најдобрите и највештите ги докажуваат нивните способности, ги надминуваат поставените успеси, се едуцираат и го зајакнуваат својот тим. Тоа е место каде се раѓаат нови пријателства и се градат уникатни, инспиративни и единствени извиднички моменти. Оваа година ДИОН се организираше традиционално по дваесет и девети пат 06 – 08.10.2023 во Општина Крива Паланка, Дурачка река, со Извидничкиот Одред Наум Наумовски Борче номиниран како одред – домаќин.

25 Светска извидничка смотра – јужна кореја

25-то Светско извидничко Џамбори се одржa од 1 до 12 август 2023 година, во SaeManGeum, Jeollabuk-do, Република Кореја. На секои 4 години на светско ниво се одржува еден голем и значаен настан – светска извидничка смотра. Секоја се организира на различна локација со извидничка организација во улога на домаќин на овој настан. Камп местото опфаќаше површина од над 900км2 и на истото беа сместени 44000 извидници. Извидниците кои имаат од 14 до 18 години беа учесници и уживаа во следење на програмата додека оние над 18 години беа во улога на волонтери, координатори на програмски области, дел од тимовите за логистика, комуникации и менаџмент на контингентите.  Ова е втор пат корејската асоцијација на извидници да биде домаќин, по 17-тото Светско извидничко Џамбори кое се одржа во земјата во 1991 година. Темата на годинашната смотра беше  „Нацртајте го својот сон“,што ја изразува желбата членовите на Извидничкото движење да го трансформираат 25. Светски извиднички Џамбори во свој фестивал и да ги развијат своите соништа преку настанот. За да бидеш квалификуван младински учесник на 25-то Светско извиднички Џамбори, мораше да сте родени помеѓу 22 јули 2005 и 31 јули 2009 година и да бидете водач на единицата или да бидете член на вашиот тим за управување со контингенти. На оваа смотра имаше учесници од 155 земји, а контингентот на Сојуз на извидници на Македонија броеше 47 извидници, од кои 27 учесници со нивните тројца водачи формираа 3 патроли кои учествуваа во програмата, 15 волонтери беа вклучени во логистичката и програмска поддршка на кампот а, Елисавета Лукановска  заедно со нејзиниот колега Влатко беа водачи на контингентот одговорни за подготовката на самата група, обезбедување на опрема, логистика околу патувањето, комуникација со родители и чинители, комуникација со организаторите и многу други одговорности. Елисавета Лукановска и Дино Релушкоски беа дел од оваа смотра и за читателите на Трн го пренесуваат ова единствено искуство – Светска извидничка смотра. „Во овие улоги многу од извидниците се најдоа за прв пат и морам да признаам дека одлично се справија со сите предизвици кои тие ги носеа“, изјави за читателите на Трн, Елисавета Лукановска, Водач на македонскиот контингент во јужна Кореа. Елисавета Лукановска е извидник веќе 15 години, активна на локално, национално и интернационално ниво во извидничкото движење. Ова лето учествуваше на единственото искуство – светска извидничка смотра во улога на Водач на македонскиот контингент.  Дино Релушкоски е извидник e од самиот почеток на работа на Извидничкиот одред „Феникс“ во Прилеп, во 2015 година. Зад себе има многу смотри и кампови и затоа вели дека учеството на оваа смотра му дојде логично. Целото интервју кое Дино и Ели го дадоа за trn.mk може да го најдете тука

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за опрема за кампување

Повикот е отворен на 29 мај 2023 и трае до 26 јуни 2023 За потребите на проектот “Млади агенти на промената”, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2020, , EuropeAid/171333/DD/ACT/MK, Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтерство во локалните заедници во Република Северна Македонија, комсијата за набавки при Сојуз на извидници на Македонија објавува: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ бр. 2021/430-647-2/1 – СИМ За услуги за набавка на опрема за кампување за 100 лица 1.         Договорен орган Сојуз на извидници на Македонија, ул. „Кукушка“ 4А Скопје, во рамки на проектот “Млади агенти на промената” 2.         Предмет на договорот за набавка на услуга Предмет на договорот за набавка на опрема за кампување за 100 лица. Набавката не е делива. 3.         Опис на услугата Број Опис на производ/услуга ВКУПНО 1. Шатори за сместување на 100 лица 35 2. / / 4.         Услови и критериуми за учество на повикот Понудувачот потребно е да располага со следните технички и професионални капацитети: –           Да поседува соодветна технологија и логистика за да ги испорача бараните добра; –           Да поседува професионална способност за вршење на дејност; –           Да поседува соодветна документација за добрата; 5.         Временска рамка Услугата треба да се испорача во најдоцна до 10 јули, 2023 година. 6.         Изготвување на понудите Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги. Сојуз на извидници на Македонија во согласност со одредбите на договорот со донаторот и интерниот правилник за реализација на набавки спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди. Понудата треба да содржи следните елементи: а) Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како прилог во тендерската документација б) Документи за докажување на техничка и професионална способност: –           Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Образец даден во прилог на тендерската документација) Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 21 дена од денот на отворање на понудите. Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик на печатно кирилско писмо пополнети рачно или на компјутер. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта sim@scout.org.mk, тел. +389 70 566 213 во рокот за прибирање на понуди. 7.         Начин на доставување на понудите Понудите се доставуваат по електронски пат на sim@scout.org.mk или во хартиена форма по пошта или лично на ул. „Кукушка“ бр. 4А Скопје при Сојуз на извидници на Македонија, со назнака “ЗА ПРОЕКТ:  Млади агенти на промената и се наведува бројот на повикот 2021/430-647-2/1 – СИМ. Доколку понудите се доставуваат електронски истите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице. ОВДЕ МОЖЕ ДА ГО СИМНЕТЕ ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПОНУДА Краен рок за доставување на понудите е 26.6.2023.година најдоцна до 16:00 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. 8.         Услови и начин на плаќање Плаќањето ќе се изврши по реализација на услугата. 9.         Критериуми за доделување на договор Критериум за доделување на договор е најниска цена 10.       Известување на понудувачите Ќе биде контактиран само понудувачот кој доставил најповолна понуда според утврдениот критериум за доделување на договор                                                                                                                       Скопје, 29 мај 2023 година Бобан Москов Владимир Костовски Сојуз на извидници на Македонија

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ понуди За услуги за набавка и испорака на храна

Повикот е отворен на 3.5.2023 и трае до 10.6.2023 За потребите на проектот “Млади агенти на промената”, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2020, , EuropeAid/171333/DD/ACT/MK, Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтерство во локалните заедници во Република Северна Македонија, комсијата за набавки при Сојуз на извидници на Македонија објавува: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ бр. 2021/430-647-3/1 – СИМ За услуги за набавка и испорака на храна 1.         Договорен орган Сојуз на извидници на Македонија, ул. „Кукушка“ 4А Скопје, во рамки на проектот “Млади агенти на промената” 2.         Предмет на договорот за набавка на услуга Предмет на договорот за набавка на услуги за набавка и испорака на храна. Набавката не е делива. 3.         Опис на услугата Број Опис на производ/услуга ВКУПНО 1. Храна (3 оброци дневно) за 100 лица за 7 дневен настан 2100       4.         Услови и критериуми за учество на повикот Понудувачот потребно е да располага со следните технички и професионални капацитети: –           Да поседува соодветна технологија за да ги испорача бараните добра –           Да поседува професионална способност за вршење на дејност –           Решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна, издадено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ; 5.         Временска рамка Услугата треба да се испорача во периодот од 12 – 18 јули, 2023 година. 6.         Изготвување на понудите Набавката ќе се реализира од страна на добавувач со искуство за испорака на ваков тип на услуги. Сојуз на извидници на Македонија во согласност со одредбите на договорот со донаторот и интерниот правилник за реализација на набавки спроведува ограничен повик со прибирање на најмалку 3 понуди. Понудата треба да содржи следните елементи: а) Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како прилог во тендерската документација б) Документи за докажување на техничка и професионална способност: –           Референтна листа  (Образец даден во прилог на тендерската документација) –           Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Образец даден во прилог на тендерската документација) Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Рок на важност на понудата: најмалку 21 дена од денот на отворање на понудите. Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик на печатно кирилско писмо пополнети рачно или на компјутер. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта sim@scout.org.mk, тел. +389 70 566 213 во рокот за прибирање на понуди. 7.         Начин на доставување на понудите Понудите се доставуваат по електронски пат на sim@scout.org.mk или во хартиена форма по пошта или лично на ул. „Кукушка“ бр. 4А Скопје при Сојуз на извидници на Македонија, со назнака “ЗА ПРОЕКТ:  Млади агенти на промената и се наведува бројот на повикот 2021/430-647-1/1 – СИМ. Доколку понудите се доставуваат електронски истите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице. Овде може да го симнете ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ Краен рок за доставување на понудите е 10.6.2023.година најдоцна до 16:00 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. 8.         Услови и начин на плаќање Плаќањето ќе се изврши во договор со изведувачот по избирање на понудувачот. 9.         Критериуми за доделување на договор Критериум за доделување на договор е најниска цена 10.       Известување на понудувачите Ќе биде контактиран само понудувачот кој доставил најповолна понуда според утврдениот критериум за доделување на договор                                                                                                                       Скопје, 3.5.2023 година Бобан Москов Владимир Костовски Сојуз на извидници на Македонија

БОРАНКА СТАНУВА БОРЕНКА – ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Во просториите на Младински Центар – Матично, во четврток, 20ти април, со почеток од 11 часот, се одржа прес – конференција на тема: Боранка станува Боренка. Боренка е приказна чиј носител е Сојузот на извидници на Македонија. Идејата за истата е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојуз на извидници на Хрватска уште од 2018. Боренка започнува како пилот проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска. Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја и се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми. Институционалната поддршка од Национални Шуми е проектирана преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Според господин Валентин Груевски, Директор на ЈП Национални шуми, партнерството со СИМ е од огромна важност за промовирање на култура на повисока еколошка свест кај младите како таргет група вклучена во програмите на извидниците. Тој исто така испрати и апел до граѓанскиот сектор, училиштата, компаниите: да се вклучат во оваа иницијатива и да помогнат за се направи нешто коешто со гордост ќе го оставиме на нашите деца. Хрватските извидници потенцираа дека при активностите најголема улога имаат волонтерите, кои според господин Еди Периќ, Претседател на Сплитскиот извиднички Сојуз, се сѐ повеќе мотивирани да се вклучат во вакви акции. Приказната се доближува до јавноста и најмладите преку симболиката и карактеристичниот визуелен идентитет креиран од агенцијата Имаго. Господинот Анте Тараш, претставник на Хрватски Шуми го истакна фактот дека институцијата ги препознала извидниците како одговорен и доверлив парнер во акции од ваков карактер. Оваа иницијатива е одличен пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, искористувајќи ги најсилните страни на секој од партнерите. Токму тоа е најголемиот резултат и успех на кој господин Дан Шпицер, главен координатор на Боранка, е најмногу горд. Заменик Директорот на ЈП Национални Шуми, госпоѓата Маре Басова и Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојуз на извидници на Македонија се вратија на почетоците на оваа приказна. Истата започнува од млади ентузијасти, извидници кои бараат поддршка за нивната идеја. Според г-ѓа Басова, СИМ излегол со конретна идеја и план, кои иако се чинеле недостижни, се покажале како одличен модел за соработка. Владимир потенцираше дека специфичноста на извидничките активности е методот на кои истите се имплементираат, правејќи ги реални, достижни, ефективни и со огромно влијание врз младите кои се вклучуваат. Боренка е повеќе од само акција за пошумување. Боренка е доказ за волјата на младите, силата на институциите, меѓусекторската соработка, важноста на едукацијата на најмладите и моќта на волонтерите. Боренка – интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.

Повик за финансиска поддршка на младински иницијативи / акции // Call for financial support of youth initiatives / actions

Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС во име на проектот „Младите – агенти на променaтa“ финансиран од Европската Унија, објавува Повик за поднесување апликации за финансиска поддршка за младински иницијативи/акции со фокус на волонтерство и активизам кај младите во Република Северна Македонија. Повикот е отворен од 03.04.2023 година, а краен рок за доставување на апликации е до исцрпување на фондот или најдоцна до 31.12.2023 година пред 16:00 часот локално време. Приоритетни цели, области и приоритетни прашања на проектите: Приоритетна цел 1: Волонтерството и активизмот на младите како движечка сила за промени во заедницата Големина на грантовите Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи: Поддршката која ќе ја добијат организациите, фондациите или неформалните групи ќе биде in-kind поддршка, односно тоа значи дека трошоците ќе бидат исплаќани директно од сметката на проектот на Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) со претходно одобрено барање за искористување на средствата. Во однос на ко-финансирање, грантистите се охрабруваат да обезбедат учество од сопствени средства или од средства на локалните самоуправи (општините) во кои се имплементираат активностите.  Време на имплементација:  Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да биде во времетраење од 1 до 6 месеци.  Критериуми за подобност  Постојат две групи на подобни подносители за овој повик и тоа: Краен рок за поднесување пријави Повикот за грантови ќе биде отворен до 31.12.2023, до исцрпување на фондот. За доделување грантови комисијата за евалуација ќе направи вкупно 4 пресеци за евалуација и доделување грантови. Сите пресеци ќе бидат на првиот ден од месецот, односно рокот за поднесување апликации е заклучно со претходниот ден пред 16:00 часот по локално време за што сведочи датумот на прием (мај, август, ноември 2023, јануари 2024). Секоја пријава поднесена по истекот на последниот рок автоматски ќе биде пренесена за наредниот пресек за евалуирање, заклучно со 31.12.2023, кога се затвара процесот на евалуација. Е-маил адреса: youthagentsofchange23@gmail.com  Онлајн информативна сесија: 13.04.2023 година 12:00 часот. Join Zoom Meetinghttps://us02web.zoom.us/j/83180446181?pwd=eE9teXFnZmR1a1JrT3JleUFWSEtrQT09 Детални упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги најдете подолу: Информативни документи  _________________________________________________ Center for Intercultural Dialogue, Scout Association of Macedonia and Center for Research and Analysis NOVUS on behalf of the project “Youth – agents of change” funded by the European Union, announces a Call for submission of applications for financial support for youth initiatives/actions with a focus on volunteering and activism among young people in the Republic of North Macedonia. The call is open from 03/04/2023, and the deadline for submitting applications is until the fund is exhausted or at the latest until 12/31/2023 before 16:00 local time. Priority goals, areas and priority issues of the projects: Priority objective 1: Youth volunteerism and activism as a driving force for community change Size of grants Each action within this call for submission of applications for support for proposals – initiatives must range between the following minimum and maximum amounts: Minimum amount: MKD 18,450Maximum amount: 120,000 denars The support that the organizations, foundations or informal groups will receive will be in-kind support, that is, it means that the costs will be paid directly from the project account of the Scout Association of Macedonia (SIM) with a previously approved request for the use of funds. In terms of co-financing, grantees are encouraged to provide participation from their own funds or from the funds of the local governments (municipalities) in which the activities are implemented. Implementation period: Each action within the framework of this call for submission of applications for support for proposal – initiatives must be for a duration of 1 to 6 months. Eligibility Criteria There are two groups of eligible applicants for this call: Deadline for submitting applications The call for grants will be open until 31.12.2023, until the fund is exhausted. For awarding grants, the evaluation committee will make a total of 4 rounds of evaluation and awarding grants. All rounds of evaluation will be on the first day of the month, that is, the deadline for submitting applications is the previous day before 16:00 local time as evidenced by the date of receipt (May, August, November 2023, January 2024). Any application submitted after the deadline will automatically be transferred to the next round of evaluation, as of December 31, 2023, when the evaluation process closes. E-mail address: youthagentsofchange23@gmail.com  Online informative session: April 13, 2023, 12:00 p.m. Join Zoom Meetinghttps://us02web.zoom.us/j/83180446181?pwd=eE9teXFnZmR1a1JrT3JleUFWSEtrQT09 Detailed instructions and the necessary application forms can be found below: Information documents

пОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА и Сојуз на извидници на Македонија

МЖСПП и Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia потпишаа Mеморандумот за соработка со кој Министерството ги поддржува активностите за ревитализација на опжарените шуми и подигање на свеста за потребата на заштита на шумските ресурси. Министерката Шукова изрази задоволство што со овој Меморандум ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу МЖСПП и Сојузот на извидници на Македонија, додавајќи дека верува во силата на младите извидници, нивната љубов кон природата и подготвеноста за да ја зачуваат животната средина. Примерот што го дава оваа организација како една од најмасовните младински организации има моќ да иницира позитивна промена која ќе го поттикне развојот на младите, ќе придонесе во развојот на граѓанскиот волонтерски ангажман, подигнување на јавна свест за заштитата на шумите со еколошки пристап и ќе го олесни заедничкото креирање на планови и младински политики во Република Северна Македонија. „Боренка“ e волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја што ја спроведуваат Извидниците во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и со поддршка од Амбасада на САД. Активностите од „Боренка“ се реализираат преку два работни пакети: неформално образование за деца и млади во училишта и младински организации, каде со користење на т.н. боренки – моливи направени од јаглен од изгорени дрвја секој има можност да нацрта свое дрво и да го „засади“ во виртуелна шума на www.borenka.mk и вториот пакет, во чии рамки, за секое нацртано дрво, волонтерите на „Борeнка“ садат вистински расад на опожарена земја пошумување на опожарените површини.

Покана за учество на втората акција за пошумување опожарени подрачја боренка 18.3.23

Почитувани, Во организација на ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија (СИМ), а со поддршка од Амбасада на САД оваа сабота на 18 март 2023 млади волонтери од Скопје, Штип и Велес ќе пошумуваат опожарено подрачје во Вардарскиот Регион, КО Драчевица, Демиркаписко. Како дел од програмата за едукација за заштита на животната средина СИМ ја спроведува акцијата БОРЕНКА – нацртај го своето дрво во партнерство со ЈП „Национални шуми“ кои организираат и обезбедуваат подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Секој може да биде дел од БОРЕНКА и помогне да се обојат местата на црните шумски пожари во зелени шуми Во соработка со Сојуз на извидници на Хрватска, маркетинг агенцијата Imago Ogilvy кои веќе 5 години ја спроведуваат boranka.hr осмислена е силна промотивна и едукативна кампања која ги следи акциите за садење и едукативните активности во акцијата. Боренка е интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари. Акциите за садење дрвја се одвиваат за време на викендите во текот на пролет и есен, кога условите се најдобри во природа. Изборот на видовите што (ќе) се садат и локацијата каде што се садат се врши исклучиво во соработка со струката и експертите од ЈП Национални шуми како заеднички организатори со извидниците. Досега БОРЕНКА едукативните работилници ги имаат посетено повеќе од 2000 деца каде тие со помош на јаглен од изгорено дрво цртаат ново и го садат во виртуелната шума на borenka.mk. Колку повеќе дрвца во виртуелната шума, толку повеќе засадени стебла на опожарени подрачја. Досега БОРЕНКА има посадено повеќе од 5000 садници, а на 18 март 2023 за прв пат доаѓа на територија на Вардарски Регион, Демир Капија, КО Драчевица – парцела 211. Покрај волонтирањето, граѓаните можат да се вклучат во акциите за пошумување на уникатен начин користејќи БОРЕНКИ јаглени моливчиња, со кои можат да нацртаат сопствено дрво, да му дадат име и да го засадат во виртуелна шума на borenka.mk. За секое засадено дрво на страницата, волонтерите на Борeнка ќе посадат вистински расад на опожарена земја. Симболички, нов живот произлегува од изгорено црно-бело дрво и се раѓа нова шума во боја. Организатори: Јавно претпријатие Национални Шуми Сојуз на извидници на Македонија Покровители и пријатели на БОРЕНКА: Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Светски ден на извидниците, прилеп 2023

Успешно реализарана централна прослава на Светскиот ден на извидници! ЛИНК до фотографии После неколку години пауза, Сојузот на извидници на Македонија заедно со ИО Феникс Прилеп како домаќин одред организираше централен настан за 22ри Февруари на Могилата на непобедените во Прилеп. Со присуство на 400 извидници од цела држава го прославивме светскиот ден на извидниците и го одбележавме 70 годишниот јубилеј на извидништвото во Македонија. Учесниците на овој настан добија можност да го посетат градот Прилеп преку геомапинг но и да се запознаат повеќе со програмата на СИМ со работилници за: SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation for Underrepresented Communities), Earth Tribe, Боренка, Youth Agents of Change, Целите за одржлив развој (SDGs) и за 13тата Македонска извидничка смотра. Голема чест за сите нас беше свеченото давање извиднички Завет од страна на повеќе од 100 деца и млади кои официјално станаа дел од најголемата младинска организација во Македонија. Им честитаме на истите и им посакуваме топло добредојде во извидништвото Краток осврт од волонтерите за програмата Lucile Bousquet / Capucine Vaseux  SDGs tent – Шатор, Цели за одржлив развој “We arrived a bit late so we installed our tent but moved after the ceremony because people were using the tent to store their coats and bags. As we finished to install the props at the new tent it was already time for children to go for the game in the city, so unfortunately we didn’t do the games that we prepared. For the SDG’s tent we had planned 3 activities: – A Yes or No quiz with questions about the SDG’s – A revisited scarf game. The goal was to name the SDG’s and to find the corresponding logo as fast as possible on sticks planted in the ground – An ideal world to be drawn on a large A4 paper. The goal was to represent as many SGD’s as possible and to stick their corresponding logo on it. „Пристигнавме малку доцна, го средивме нашиот шатор, но по церемонијата се преместивем во друг бидејќи луѓето го користеа шаторот за да ги чуваат своите јакни и ранци. Ког завршивме со инсталирањето на реквизитите во новиот шатор, веќе беше време децата да одат низ градот на стазата, па за жал не ги направивме планираните игри. За шаторот на SDG имавме планирано 3 активности: – Квиз со Да или Не прашања за SDG  – Игра со марам. Целта беше да се именуваат SDG и да се најде соодветното лого број на целта што е можно побрзо и да се стави на стапчиња ставени во земјата – Идеален свет што треба да се нацрта на голема хартија А4. Целта беше да се претстават што е можно повеќе SGD и да се залепи нивното соодветно лого на него. Елисавета Лукановска – SYSPUC expo -шатор Проектот SYSPUC (Strengthening Youth Spaces and Participation in Underrepresented Communities) е проект кој се фокусира на раст и развој на организацијата и е заеднички проект на Сојуз на извидници на Македонија со сојузите на Црна Гора и Албанија. Генерално целната група на активностите на овој проект се средношколците и студентите (категорија истражувачи и ровери) кои на централниот настан за одбележување на денот на извидниците беа во помала застапеност од категориите развигорци и истражувачи и беа во улога на водачи или волонтери. Во обид да се доближат темите кои овој проект ги обработува кон присутните на настанот – на штандот/шаторот на SYSPUC имаше 2 различни активности: 1. Игра-меморија (30 картички со поими кои се поврзуваат (пр. парови на поими: химна на СИМ – Пламен се дига; број на извиднички закони – 10) кои преку игра треба учесниците во парови да ги спојуваат, притоа откривајќи ги одговорите кои до тогаш не им биле познати) – Оваа игра беше позабавна за помалите генерации како и што очекувавме, на истата учествуваа 12 пара учесници со вкупна вклученост на околу 60тина извидници во активноста. 2. Постери (поставени беа 4 шарени постери за анкетирање на присутните, на посетителите на шаторот им беше објаснето кои се прашањата и што се бара од нив и истите ги одговараа со поставување на самолепливи ливчиња со нивниот одговор) – Оваа активност беше позабавна за водачите и волонтерите на настанот, за коишто и беше предвидена. На оваа активност учествуваа во дискусија и одговарање на прашањата околу 40тина водачи и волонтери. Активноста беше интересна за оваа целна група и се увиде дека на ваков неформален и шарен интересен начин на анкетирање се отвораат дискусии меѓу врсниците за важни теми како безбедност, програма за млади, улога на младите во СИМ и слично. Согласно одговорите е јасно дека младите генерално се чувствуваат безбедно на извидничките активности, постои интерес за сите тематски области опфатени во програмата за млади на СИМ со акцент на авантуристички активности и извиднички вештини. Иван Николовски Earth Tribe, имплементатор на активности во шатор Промотивни материјали: Стикери Earth Tribe, Жолти кутии – изложени, Прирачници за биодиверзитет – изложени, Лого Earth Tribe Материјали за активности: Испечатени бинго листови Целта на активноста (пополнување/ штиклирање на полиња од бинго листот) е да ги поттикне учесниците на размислување и рефлектирање на што е она што тие во секојдневниот живот го прават, а со тоа значително влијаат на животната средина, позитивно или негативно. Па така, секој учесник со својот бинго лист имаше задача да помине и прошета кај останатите учесници и да најде учесник за кого исказ од бинго листот е точен. На тој начин, учесниците рефлектираат дали тие ги применуваат наведените практики во рамките а својот дом и живот, но и истражуваат како останатите учесници ги применуваат наведените практики. Играта е завршена кога секој учесник ќе има различен учесник потпишан на секој од наведените искази. Тогаш, учесникот како награда добива стикер. Штандот, односно шаторот беше и од информативен карактер, каде што учесниците имаа можност да се запознаат со тековната програма и активности на СИМ, фокусирана на биодиверзитет и заштита на животната средина, за чија цел беа изложени програмите и активностите од жолтата кутија. Срна Мајсторовиќ – Шатор промоција на 70 години извидништво во РСМакедонија и Scout Shop Во рамките на изложбата на проекти и програми на СИМ, еден шатор беше специфично

ПОВИК ЗА Проектен асистент во рамки на проектот „Млади – Агенти на промена“

Сојуз на извидници на Македонија има потреба од Проектен асистент во рамки напроектот „Млади – Агенти на промена“. Проектниот асистент ќе биде ангажиран 100% одвремето од целосното работно време. Повикот е отворен на 1.2.2023г. и трае до 15.2.2023г. За проектот:„Млади – агенти на промени’’ претставува акција која е дизајнирана да поддржи граѓанскимладински иницијативи преку активизам и волонтерство за подобрување и зајакнување насеопфатно и директно вклучување на младите на локално ниво. Акцијата има за цел да гозголеми младинскиот активизам преку волонтирање за обезбедување на социјалнаинклузивност на локалните заедници. Акцијата ќе го поддржи младинското учество восоздавање и спроведување на општински младински политики преку волонтерство иразни акциски настани.Ако земеме дека општините претставуваат најблиското ниво на власт до граѓаните, тогашможеме да го кажеме истото и за младите, па нивното вклучување ќе помогне воразвивање на мерки приспособени за локалните специфичности за подобрување наможностите за загрозените лица, пристап до ресурси, глас и почитување на нивнитеправа.Општата цел е да придонесе за зголемена инклузивност и зголемување на влијанието намладите за подобрување на условите на младите преку граѓански младински иницијативи,активизам и волонтирање во општините во соработка со локалните чинители. Опис на главните работни задачи  Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектенкоординатор, генерален секретар и координатор за комуникација; Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот; Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектнитеактивности; Координација на настаните што се организираат во канцеларијата на проектот воСкопје и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираатнадвор од Скопје; Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот; Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа; Организација, имплементација и поддршка на останати активности на СИМ; *Редовна координација со Генералниот секретар, Управниот одбор и останатитечленови на Секретаријатот за тековни работи и обврски. Потребни знаења и вештини на кандидатите  Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проектифинансирани од меѓународни донатори; Одлично познавање на Microsoft Office; Познавање англиски јазик; Вештини за административно работење; Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување надоверените задачи; Познавање на работата на СИМ, како и на граѓанскиот сектор во РепубликаСеверна Македонија; Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност; Завршено високо образование ќе се смета за предност; Познавање албански јазик ќе се смета за предност. Начин и рок на аплицирање Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивацискописмо на sim@scout.org.mk со наслов на пораката „Проектен асистент MАП _ (име ипрезиме)“, најдоцна од 15.2.2023. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и ониепријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени предвид. Начин на селекција По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка наапликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Хонорарот предвиден за оваа позиција изнесува 415 евра месечно во денарска вредностОд кандидатот се очекува да биде во можност да работи на проектот во следните 12месеци почнувајќи од 1.3.2023 година

13 смотра на Сојуз на извидници на Македонија

Зошто смотрата е толку значајна за извидниците? Нашата приказна Смотра е извиднички настан со најдолга традиција и се одржува на секои 5 години од основањето на сојузот. Зад нас се 12 успешни и незаборавни смотри низ целата територија на нашата татковина. Традицијата започнува во далечната 1958 година, во градот Велес, а овој пат 10 дена исполнети со авантура, кампување, забава и едукација ни престојат во историското Крушево. За овој краток временски период младите луѓе се зближуваат повеќе од било кога, стекнуваат нови пријателства и искуства. Смотра не се опишува со зборови, таа се доживува.  13та смотра – Достигни ги височините Програмата на нашата 13та Смотра е поделена во 7 програмски области кои се со едукативен и извиднички-авантуристички дух, а во исто време доволно атрактивен за да го привлече внимание кај децата и младите. Овие програмски области нудат можност сите присутни да го искусат извидништвото во потполност и да ги достигнат своите лични височини што всушност е и нашето мото „Достигни ги височините”. СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА 13 СМОТРА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА WWW.SMOTRA.IZVIDNICI.MK

Меѓународен ден на волонтерите – панел дискусија, настан за вмрежување

На 5 декември 2022 година, Меѓународниот ден на волонтерите беше прославен во Куќата на Европа, Скопје со настан за вмрежување организиран од Центарот за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници на Македонија и Центарот за истражување и анализа – НОВУС, партнерски конзорциум за проектот „Млади – агенти на Промени“, финансиран од Европската Унија, во соработка со  Europe House Скопје, Europe House Струмица и Europe House Крива Паланка. Главната цел на настанот беше подигнување на свеста за важноста на волонтерството и активизмот за секој човек на овој свет. Настанот за вмрежување започна со поздравни зборови и презентација на проектот од страна на нашиот извршен директор Нами Исаки. Никол Клесова го презентираше прирачникот „Локални младински патеки“ кој е создаден во рамките на проектот, а во него се опишува механизмот за волонтирање на локално ниво во општините. Следна на дневен ред беше панел дискусијата на тема Активизам со модерација на Андријана Ташевска. Гости беа Марија Крстевска, претседател на Националниот младински совет на Македонија и генерален секретар на Центарот за интеркултурен дијалог. Како говорник таа ги охрабри сите млади луѓе да се информираат за сите можности што им се нудат. „Информираните млади се активни млади и чекор поблиску до исполнување на нивните потреби и решавање на сопствените и социјалните проблеми“ – рече Марија. Следен гостин говорник беше Мила Јовановска од Гоу Грин. Како млада еко-активист, таа зборуваше за важноста на образованието на сите луѓе, најважно на младите. Таа го истакна значењето на формалното и неформалното образование доколку некој навистина сака да направи промени во општеството. Следниот гостин беше Благородна Пешевски од Europe House Крива Паланка и таа навистина јасно стави до знаење дека преку активизам секој може да придонесе во правењето на посакуваната промена и да има улога во создавањето подобар свет. Последниот гостин говорник на првата панел-дискусија беше Дамјан Златановски, млад европски амбасадор кој искрено го сподели своето искуство како активист и какво влијание имало во неговиот живот и во процесот на создавање себеси како личност. Главниот фокус на втората панел дискусија беше волонтерството, модерирана од Елисавета Лукановска. Прв гостин беше Снежана Јанковиќ, координатор на Боренка, најголемата волонтерска акција за пошумување на шумите погодени од шумски пожари. Таа страсно го сподели своето искуство со овој проект, го објасни процесот на имплементација на проектните активности и подвлече дека волонтерите се сржта на сè, особено кога се прават важни акции за создавање подобар свет. Вториот говорник беше Александра Ристовски, координатор на програмата Промоција на хумани вредности на Црвениот крст. Таа зборуваше за сите активности што ги имаат волонтерите во Црвениот крст и за сите начини на кои некој може да стане дел од тоа големо семејство. Следно, Никола Станкоски од Волонтерскиот центар Скопје, зборуваше за важноста да се направат локални акции, како онаа што ја направи со волонтерите тоа утро, акција во која тие расчистија дел од градот каде што учениците секојдневно поминуваат време на нивните пат до училиште. Последно, но не и најмалку важно, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја сподели теоретската страна на процесите на креирање и имплементација на стратегии и програми за младински активизам и волонтеризам во нашата земја. По завршувањето на двете навистина инспиративни панел-дискусии, Владимир Костовски, проектен координатор за Млади агенти на промени од Сојузот на извидници на Македонија, ја презентираше шемата за проектните грантови како механизам за поддршка на практиката на волонтирање и активизам.

Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица

Стартуваше првата БОРЕНКА – акција за пошумување на опожарени подрачја – Петралица На 3 декември 2022г. со старт во 10:00ч. на опожарено подрачје во пределот на Петралица беа засадени првите дрвца благодарение на вредните раце на 200 волонтери. И покрај најавата на дожд, сепак имавме прекрасен ден, но пред се продуктивен и успеавме да засадиме 4000 дрвца. За сите волонтери беше организиран бесплатен превоз, храна и освежување, како и алат за успешна акција. На акцијата присуствуваа голем број граѓани од општина Крива Паланка, општина Ранковце, извидници од скопските одреди, извидници од Куманово и Крива Паланка, претставници од ЈП Национални шуми и Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство. На почеток од работната акција за пошумување опожарено подрачје беше свечено потпишан Меморандум за соработка од страна на Министерот на МЗШВ, Љупчно Николовски и Старешината на СИМ, Бобан Москов. Првата акција на БОРЕНКА беше организирана во партнерство на Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Сојуз на извидници на Македонија под покровителство на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а поддржана од Амбасада на САД во Северна Македонија. Фотографиите во прилог, мал потсетник како поминавме во саботата. Уште еднаш најголема благодарност до сите волонтери. Секој може да биде дел од БОРЕНКА и да помогне да се врати бојата на опожарените подрачја во земјава! ЈП Национални шуми Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство U.S. Embassy North Macedonia

Тренинг курс за обука за наставници за младински активизам и волонтеризам за пристап на ниво на заедницата

Во ноември 2022 година во Берово беше организиран курс за наставници за младински активизам и волонтеризам за информирање на ниво на заедницата. Учествуваа 43 наставници од средните училишта од Куманово, Скопје и Струмица и преку интерактивни активности научија многу за стратегиите што се користат за ангажирање на младите луѓе и мотивирање да бидат активни граѓани и да прават промени во нивните локални заедници. Учесниците кои присуствуваа на овој тренинг курс научија за сите начини за развивање и зајакнување на нивните вештини за дејствување во рамките на нивната заедница и подигање на свеста за важноста на младинскиот активизам и волонтерството. Учесниците исто така беа поучени како да воспостават програми за младински активизам користејќи неформални начини на образование. Една од главните цели на курсот за обука беше да им даде на наставниците од средните училишта лесни совети и трикови за примена и да им помогне да бидат добри ментори за своите ученици со користење на стратегии за да им се помогне на учениците да идентификуваат прашања за кои се страсни и како да ја претворат таа страст во активизам. . Други резултати кон кои имаше за цел проектот беа да се воспостави механизам кој ќе го олесни процесот на правење промени и ќе даде можност за соработка помеѓу младите активисти/волонтери и општините и локалните власти. Учесниците имаа можност да разговараат многу за темите поврзани со младинскиот активизам и волонтерството, да ги споделат своите искуства и размислувања, да направат планови и да споделат идеи за сите начини и стратегии што ќе ги спроведат во нивните локални заедници за да ги мотивираат високите учениците да станат активисти кои прават иницијативи и ги носат посакуваните промени. Силната мотивација и подготвеноста на наставниците да придонесат со своето искуство во подготовката за работа со учениците на дизајнирање проекти кои се однесуваат на младинските прашања во нивните локални заедници беше навистина извонредна. Една од учесниците ни го сподели своето искуство: „Преку тренинг курсот добив потврда за рамката и чекорите/фазите – при примена и реализација на проектните активности, нови сознанија за реализација, важноста на менторот и менторството во областа на младински активизам“. *Обуката беше организирана во рамките на проектот „Млади – агенти на промени“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Центарот за меѓукултурен дијалог во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија и Центарот за истражување и анализа НОВУС од Струмица.