admin

Покана за учество во првата акција за пошумување на опожарени подрачја БОРЕНКА

Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми со задоволство Ве покануваат на нашата и ваша прва БОРЕНКА акција за пошумување на опожарена површина која ќе се одржи на 03.12.2022 година (сабота) во близина на општина Ранковце, Петралица во близина на манастирот Света Тројца. Главна цел на проектот е да се подигне свеста на луѓето за важноста на заштитата на шумите и уништувањето на шумите преку неформално образование и волонтерски ангажман за справување со националниот проблем. Како дел од овој настан, ќе биде и официјалното потпишување на Меморандумот за соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски, а активно учество ќе земе и м-р Маре Басова, помошник директор на Национални шуми и други релевантни претставници на локални самоуправи. За присуство на овој настан, Ве молиме да не информирате најдоцна до 1 декември 2022 година (четврток) со име, презиме и контакт телефон на извидници од Вашите одреди. Бидејќи имаме обезбедено еден автобус, сите одреди ќе можат да пријават по 5 извидници на возраст од 16+ години. Сите извидници задолжително да носат униформа и марама, топла облека, удобни кондури, кабаница и слична опрема за на планина како и волја и желба за садење расад на опожарена локација. На настанот за сите учесници ќе бидат обезбедени ракавици за работ, вода, сок и кроасан. *Доколку имате поголема бројка на пријавени извидници би ве замолиле да не информирате во случај да се појави простор да ве контактираме. Во секој случај настанот е отворен за сите нас, па можете да се организирате и да дојдете со сопствено возило, но секако претходно уредно најавени. Поаѓањето ќе биде во сабота во 08:00ч од дрво-декор, спроти Холидеј ин, калдрмата, а враќање за Скопје во 14:00 / 15:00. Доколку ви требаат дополнителни информации, слободно контактирајте не. Со почит, Снежана Јанковиќ Координатор на БОРЕНКА

државен извиднички ориентационен натпревар 2022 Кавадарци

Традиционално и оваа година се одржа нашиот долгоочекуван Државен Извиднички Ориентационен Натпревар (ДИОН) 2022. Ова издание на ДИОН се одржа во с. Ваташа, Кавадарци, со нашите ИО Авантуристи како домаќини.Во тие 4 дена натпреварување учество земаа 14 екипи вкупно, поделени во две категории (извидници и истражувачи/ровери) кои си ги измерија силите, знаењата и вештините на повеќе полиња и дисциплини, како:-цртање на извиднички материјали,-ориентација и топографија,-прва помош и заштита,-извидништво,-сигнализација,-бивакување и пионерство.Овој пат во категорија извидници најуспешни беа екипите:3. Експресо (ИПО Сидро)2. ПСИО клуб (ПСИО)1. Леопарди (ПСИО)Во категорија истражувачи/ровери најдобро се покажаа:3. Телетабиси (ИО Еквинокс)2. Тирамису (ИПО Јадран)1. Архитект (ИО Скаут) ЛИНК до фотографии од настанот Со надеж за уште посилен натпреварувачки дух на следниот ДИОН,ЗДРАВО!

Стартува боренка

Со гордост Ви ја најавуваме Боренка. Ја лансираме Боренка – најголемата волонтерска акција за пошумување на опожарени површини. Илјадници волонтери ќе учествуваат во садењето на ливадите во три региони во земјава. Ќе ни се придружат и бројни здруженија, институции, ветерани, планинари и сите заинтересирани граѓани. Целта, покрај обновувањето на дел од опожарените површини, е и да се поттикнат граѓаните поактивно да се вклучат во волонтерски акции. Не случајно се вели дека ако ја снема шумата, ќе исчезнат и луѓето. Природата е немоќна сама да се одбрани и брзо да се обнови, токму затоа и е потребна нашата помош. – Граѓаните со јаглени моливи ќе можат да ги нацртаат своите дрвја на хартија, да ги фотографираат и да ги „засадат во виртуелна шума“. За секое нацртано дрво, волонтерите на Боренка ќе засадат вистински расад – објаснува Владимир Костовски, Генерален секретар на СИМ. Како воведна активност на оваа акција е осмислена едукативна кампања за македонските основни училишта која ќе ја спроведуваат извидници и пријателите, а е во насока за зачувувањето на природниот свет, заштитата од пожари и опасностите во природата, учениците ќе имаат можност да се приклучат на Боренка. По завршувањето на едукативниот час, симболично ќе засадиме расад во училишниот двор. Почнува Боренка! Придружете ни се, да одиме заедно да го вратиме животот во опустошените горилници.

камп – Млади агенти на промена Академија

Од 15-ти до 22-ри август Сојузот на извидници на Македонија во партнерство со Центарот за интеркултурен дијалог и Центарот за истражување и анализа НОВУС организираше тренинг камп академија за средношколци за волонтеризам и активизам „Youth Changemakers Academy“ во Извиднички центар, Охрид. На тренинг кампот учествуваа 88 средношколци од целата држава. Програмата опфати различни образовни пакети, кои ги покриваа темите за волонтеризам, лидерство, неформално образование, младински активизам, младинско учество, застапување, човекови права, медиумска и дигитална писменост, интеркултурализам, меки вештини и многу други. Учесниците имаа можност да изберат помеѓу овие пакети, креирајќи свој едукативен пат. Програмата беше фасилитирана од млади активисти кои на интересен и уникатен начин им го пренесоа своето знаење и искуство на учесниците. Кампот за обука беше спроведен на отворено, преку методологија која вклучува едукација во природа, работејќи во согласност со извидничките принципи и вредности, што придонесе за мотивирање на поединците да го искористат својот целосен потенцијал. Сместувањето беше во шатори, што го прави овој тренинг камп позабавен и предизвик за учесниците. Кампот го посети и претставник на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија – Лука Цитарела, кој е програмски менаџер и координатор на Европската година на млади 2022 година во Северна Македонија, и Маријана Ангелова – генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија. Тие беа гости на панел дискусија организирана за време на кампот, а зборуваа за различните можности за младите во нашата земја, спроведувањето на Законот за младинско учество и младинските политики и различните предизвици со кои младите се соочуваат во денешно време. Учесниците беа вклучени во дискусијата и имаа многу прашања до гостите. На последниот ден од кампот за обука од учесниците беше побарано да се поделат во групи од 4-5 луѓе и да напишат свои проекти за решавање на некои прашања во нивната заедница. Идеите што произлегоа од групите беа прекрасни и освежувачки. Учесниците на академијата ќе имаат можност во наредниот период да се вклучат во локалните неформални мрежи на „агенти на промени“ и заедно со своите врсници да бидат вистински носители на позитивни промени преку организирање и спроведување на микро и мали проекти кофинансирани од Европската Унија. ЛИНК до фото албум

Тринационален камп 2022 – Jambville

Оваа година ја зајакнавме соработката со извидниците од Франција и Германија со остварување на втората фаза од тринационалниот проект овој пат во Жамбвил, Франција. Во рамките на тринационалниот проект Hallo / Salut / Zdravo Europe беше организиран меѓународен камп во периодот од 6-ти до 14-ти август 2022. Кампот претставува втоа фаза од проектот и беше одржан во извидничкиот центар Жамбвил, Германија. Секоја земја имаше по двајца водачи одговорни за организацијата, програмата и логистиката потребна за кампот, дел од ова беше спроведено онлајн и дел во живо во Париз. Соработката продолжува и во 2023 со третата фаза од тринационалниот проект Hallo/Salut/ Zdravo Europe кој ќе се одржи за време на смотрата во Крушево.

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ бр. 2021/430-647-1/1 – СИМ

За потребите на проектот “Млади агенти на промената”, финансиран од Европската Унијапреку ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2020, ,EuropeAid/171333/DD/ACT/MK, Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам иволонтерство во локалните заедници во Република Северна Македонија, комсијата за набавкипри Сојуз на извидници на Македонија објавува:ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ бр. 2021/430-647-1/1 – СИМ За услуги за хотелско сместување Целиот ПОВИК со потребни услови, информации и критериуми може да НАЈДЕТЕ ОВДЕ Начин на доставување на понудите Понудите се доставуваат по електронски пат на sim@scout.org.mk или во хартиена форма по пошта или лично на ул. „Кукушка“ бр. 4А Скопје при Сојуз на извидници на Македонија, со назнака “ЗА ПРОЕКТ:  Млади агенти на промената и се наведува бројот на повикот 2021/430-647-1/1 – СИМ. Доколку понудите се доставуваат електронски истите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице. Краен рок за доставување на понудите е 15.6.2022.година најдоцна до 16:00 часот. УРНЕК кој се пополнува за понуда

Извидничката програма е збир на тоа ШТО младите луѓе го работат во извидништвото (активностите), КАКО го изведуваат тоа (Извидничкиот метод), и причината ЗОШТО го прават тоа (ЦЕЛТА). *** Тематски годишен календар за 2020 (превземи) *** Дополнителни активности за тематските месеци за 2019 (превземи) Оваа дефиниција превземена од WOSM, покажува јасно дека извидничката програма е многу повеќе од само активности или прогресивен систем. Кога веќе веруваме дека активностите кои ние ги изведуваме го поттикнуваат развојот на младите во повеќе сегменти од нивниот живот, Сојуз на извидници на Македонија, и секоја локална организација би требала да има кристално разбирање и свест за тоа што сакаме и што треба да се постигне во развојот кај младата личност (во контекст на едукативни цели) и тогаш да се осигураме дека соодветни, релевантни и поврзани активности се организираат за да се постигнат овие цели. Исто така мораме да запомниме дека како неформално едукативно движење ние имаме лично наш активен метод на (само)едукација, односно „извидничкиот метод’’. Користејќи го извидничкиот метод и сите негови компоненти не доведува на пола пат до постигнувањето на едукативното влиание кон кое целиме. Ако највидливиот дел од извидничката програма се случува на локално ниво, преку активности кои ги спроведуваат млади луѓе, други важни задачи мора да се земат во предвид бидејки тие можат да постават солидни темели за да имаме релевантен едукативен “продукт”, кој може да изврши значителено влианије врз развојот на младата личност.

Youth Agents of Change

Project dates: 01.03.2022 – 31.08.2024 Coordinator: Center for intercultural dialogue Partners: Scout Association of Macedonia Center for research and analysis NOVUS Short summary: Youth initiatives, activism and volunteering are one of the key prerequisites for improving the local governance and strengthening all-inclusive and direct involvement of the citizens on local level. Target group: youth from 15 to 29. Final beneficiaries: high schools students, university students, youth activists, young women, youth with disabilities, youth initiatives, Local Youth Councils and local community members of the municipalities of Centar, Kumanovo and Strumica. Specific needs: Overall objective: To contribute to increased inclusiveness and society impact of youth for improving the local governance through civic youth initiatives, activism and volunteering in municipalities. Specific objectives: Estimated results:

22 ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИ

Сојузот на извидници на Македонија реализира низа активности по повод 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците и роденденот на основачот на извидништвото Баден Пауел. Активностите се организирани од 22 извиднички одреди во 17 градови во Македонија. Под мотото „Направи добро дело“ се организираат крводарителски акции, социјална помош за лица на кои им е најпотребно, собирање донации, инклузија на деца и млади со помалку можности, згрижување на улични животни, грижа и заштита за животната средина итн.  Колку што се прославува денот на извидниците во нашата држава, толку се долго се одржува и традиционалната крводарителска акција во организација на Сојузот на извидници на Македонија и Црвениот Крст на Република Северна Македонија.  Крводарителската акција е во склоп на низата активности по повод 22 Февруари – Светски ден на извидниците. Истата ќе се одржи на 22 февруари од 10 до 18 часот во Младинскиот центар Матично кој се наоѓа во просториите на старо Матично во близина на општина Центар. Добредојдени се сите граѓани со наполнети 18 години, добра здравствена состојба и желба да направат добро дело. Ве поттикнуваме и вие да се вклучите во нашата кампања #НаправиДоброДело и заедно да создадеме подобар свет. Со цел да инспирираме уште повеќе добри дела, вашите добри дела може да ги објавите на социјалните мрежи  користејќи го тагот #НаправиДоброДели и #scoutsmacedonia.  Извидничкото движење продолжува да биде најголемата организација за деца и млади во Македонија со преку 2500 членови која придонесува во неформалното образование и физичкиот, социјалниот, психичкиот, интелектуалниот и емотивниот развој на децата и младите.  Создаваме подобар свет!

Повик за вработување на проектен координатор

Повикот е отворен од 1.2.2022 до 15.2.2022 Сојуз на извидници на Македонија има потреба од Проектен Координатор во рамки напроектот „Млади – Агенти на промена“. Проектниот координатор ќе биде ангажиран80% од времето од целосното работно време. За проектот:„Млади – агенти на промени’’ претставува акција која е дизајнирана да поддржиграѓански младински иницијативи преку активизам и волонтерство за подобрување изајакнување на сеопфатно и директно вклучување на младите на локално ниво.Акцијата има за цел да го зголеми младинскиот активизам преку волонтирање заобезбедување на социјална инклузивност на локалните заедници. Акцијата ќе гоподдржи младинското учество во создавање и спроведување на општински младинскиполитики преку волонтерство и разни акциски настани.Ако земеме дека општините претставуваат најблиското ниво на власт до граѓаните,тогаш можеме да го кажеме истото и за младите, па нивното вклучување ќе помогнево развивање на мерки приспособени за локалните специфичности за подобрувањена можностите за загрозените лица, пристап до ресурси, глас и почитување нанивните права.Општата цел е да придонесе за зголемена инклузивност и зголемување на влијаниетона младите за подобрување на условите на младите преку граѓански младинскииницијативи, активизам и волонтирање во општините во соработка со локалнитечинители. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:  Спроведување на должностите како проектен координатор за целите наПроектот;  Подготовка на наративни извештаи за проектот; Комуникација, поддршка и организација на состаноци со проектните партнери ирелевантни чинители; Испраќање по пошта, архивирање на проектна документација, координирање напланираните проектни активности и финансиски прашања; Почитување на дадените временски распореди за известување и други проектниактивности;  Организирање на други активности кои овозможуваат постигнување на целите напроектот; Квалификации:  Завршено средно образование 5 години работно искуство во координација и управување со комплексна работа напроекти; Познавање во областа на мобилизацијата на заедницата и сеопфатно разбирањена шемите за управување со грантови; Искуство во имплементација на проекти; Искуство во регрутирање, управување, водење и мотивирање на членови наперсоналот и експерти; Искуство во пишување извештаи, следење и евалуација на проектите; Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност задобра соработка и за навремена работа. КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ  CV на англиски јазик (PDF) Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF) НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка наапликациите при што претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Целосната апликација да се ​​испрати на следниот мејл: sim@scout.org,mk со наслов напораката Проектен координатор _ (име и презиме), најдоцна до 15.2.2022, 16:00h. ** СИМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжиповикот Хонорарот предвиден за оваа позиција изнесува 875 евра месечно во денарска противвредност.Од кандидатот се очекува да биде во можност да работи на проектот во следните 30месеци, почнувајќи од 1 март 2022 година.

Дефиле по повод 30 години независност – 8 септември

Сојузот на извидници на Македонија гордо чекореше на дефилето по повод 30 години независност на државата заедно со медицинските работници, црвениот крст, спортистите, армијата, полицијата, пожарникарите и останатите чинители кои активно придонесуваат во зачувување, промоција и афирмација на нашата држава. СИМ беше препознаен од Владата на РСМ како чинители кои помагаат во развојот на генерации на млади кои негуваат вистински вредности. Резултатите од референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година јасно и недвосмислено ја покажаа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава. Јубилејот – 30 години независност денеска ќе се одбележи со церемонијална државна манифестација пред Собранието. Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и дефиле на независноста, во кое ќе учествуваат ансамбли и културно-уметнички друштва, рудари, земјоделци, волонтери на Црвениот крст, извидници, здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата… Свои обраќања ќе имаат шефот на државата и премиерот, како и видео обраќање на претседателот на Собранието. Владата пред една недела одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата. По повод трите децении независност, претседателот Стево Пендаровски денеска со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (извор – www.dw.com/mk/македонија-независност-8-септември-јубилеј)

Тринационален камп – Меѓународен камп – Hallo / Salut / здраво

Во рамките на тринационалниот проект Hallo / Salut / Здраво Europe беше организиран меѓународен камп во периодот од 7-ми до 15-ти август 2021 година. Кампот претставува прва фаза од проектот и беше одржан во извидничкиот центар на ДПСГ Вестернох, Германија. Имаше вкупно 42 извидници вклучени како учесници во проектот, на возраст од 14 до 18 години: 18 од Франција, 7 од Германија и 17 од Северна Македонија. Дополнително, секоја земја имаше по двајца лидери одговорни за организацијата, програмата и логистиката потребна за кампот. Самиот проект има за цел да ги запознае учесниците со целите за одржлив развој и да ги поттикне да работат на локално и национално ниво, како и да ја доближат културата и традицијата на нивните пријатели од другите земји. Проектот вклучуваше подготвителни активности пред кампот (одржани онлајн поради пандемијата), тринационален камп во Германија и активности во локалната заедница по завршетокот на кампот.

Отворен Општинскиот младински центар „Матично“ во Општина Центар

На иницијатива на извидниците, на 17.02.2021 се отвори првиот општински младинскиот центар во државата – Матично. Младинскиот центар претставува одржлив модел на партнерство помеѓу Општина Центар, извидниците и младинските организации кои заеднички ќе работат да обезбедат инклузивни програми и можности за младите. Како поддржувачи на оваа иницијатива ги истакнуваме Општина Центар и UNDP MK. Младинскиот центар – Матично е резултат на застапувањето на идејата и потребите на младите од страна на СИМ, на повеќе граѓански општински форуми. Младински Центар МАТИЧНО Во 2019 година Општина Центар во соработка со УНДП и Швајцарска Развојна Агенција со цел транспарентност и почит кон своите граѓани и жители на општината го започна проектот „ Зајакнување на општинските совети“ со тема социјална инклузија, а истиот имаше за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните. Токму од овој овој проект проследен со низа активности се роди идејата и се создаде Младински Центар МАТИЧНО (МЦ Матично). Овој едукативно-креативен младински дом беше отворен во февруари 2021 година и доделен на раководење на Сојуз на  извидници на Македонија како единствена младинска организација која присуствуваше на граѓанските форуми и се залагаше за иницијативата за овој проект, што е доказ за инклузивноста што сакаме да ја внесеме во секој сегмент од општеството. На отворањето на Младински центар МАТИЧНО, покрај градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје присуствуваа и заменик-Министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за млади и спорт. Општа цел на Младински Центар МАТИЧНО Креирање на одржлив инклузивен центар за неформално образование на деца и млади каде преку систем на вредности ќе се овозможи средина за квалитетно користење на слободното време и креирање на корисни граѓани за својата општина. Младинскиот Центар Матично претставува сервис за млади кој е програмски поддржан од Сојузот на извидници на Македонија и општина Центар. Истиот претставува простор за едукативни и други активности за млади организирани од извидничката организација и други младински организации, организации за млади и неформални групи на млади лица. Конкретни цели на Младинскиот центар МАТИЧНО Центарот обезбедува соодветен простор каде што се спроведува неформално образование: обучување и подучување на деца и млади за животни и меки вештини преку програмата на Сојуз на извидници на Македонија – КОМПАС, кој го следи правилниот психо-физички развој на целната група. Ова се спроведува преку освојување на повеќе од 50 вештини кои децата и младите не ги добиваа во формалното образование, информирање, менторство и советување за европски програми за дообразование, и-формално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни волонтерски активности организирани од и за млади и програмски активности и услуги во центарот кои се спроведуваат на теми од интерес и значење за развојот на младите и нивно активно вклучување во животот во заедницата. Одржливост и координација Извидничката организација е организација чија вистинска вредност се волонтерите и целата структура на организацијата се базира на волонтерството. Координирани од страна на националната извршна канцеларија, волонтерите се младите кои се одговорни за имплементирање на активностите. Со цел поголема одржливост Сојузот на извидници на Македонија во периодот од отворање на Младински центар МАТИЧНО обезбеди младински координатор кој е задолжен за целата комуникација со Општина Центар и сите други релевантни чинители како и посетители и корисници на просториите на МЦ Матично Улогата на Сојуз на извидници на Македонија како координатор е обезбедување одржливост на просторот со својата експертиза и посветени волонтери. СИМ обезбедува програма и реквизити како и носење донатори кои ја поддржуваат програмата и секогаш ќе ја надоградуваат во согласност со современото општество и потребите на младите.

Инструкторска школа – WOODBADGE

Како највисок степен на едукација, согласно програмата на светската извидничка организација и Сојузот на извидници на Македонија е инструкторската Woodbadge школа. 102 години од првата обука во Гилвел, вредностите на извидниците сè уште се негуваат и пренесуваат од генерација на генерација, а истото се докажа и на оваа школа. Во текот на првиот дел од школата, 11-12.12.2021, 30 извидници од раководни функции во Сојузот и одредите обработуваа теми за сржта на извидништвото, успешно водење и менаџирање на извидничката организација и организирање и имплементирање на програми за деца и млади. Во вториот дел на школата, 18-19.12.2021, 30 извидници од раководни функции во сојузот и одредите обработуваа теми за планирање и имплементирање извиднички активности, тимска динамика, сржта на извидништвото и неговата историја, успешно водење и менаџирање на извидничката организација, мотивација на волонтери, безбедност во извидништвото, комуникација, стандарди за квалитет на WOSM итн. Вториот дел со кој целосно се комплетира оваа обука предвидува секој од учесниците во наредниот период да работи на проект кој опфаќа одредена тема од наведените. Проектите се во форма на истражување, реализација на програма и изготвување на правилници/процедури. Ваквиот формат на инструкторска школа се организираше само сега со цел препознавање, унапредување и доедукација на постоечките кадри и поддршка за новите одреди за исполнување на критериумите за полноправно членство во СИМ согласно член 10 од правилникот за регистрација.