
Сојуз на извидници на Македонија традиционално секоја година го организира националното натпреварување во извиднички вештини, ориентација и топографија – Државниот извиднички ориентационен натпревар (ДИОН).
Овој натпревар се организира уште од самите корени на нашата организација и претставува место каде:
- најдобрите и највештите ги докажуваат своите способности,
- се надминуваат предизвиците,
- се зајакнува тимскиот дух,
- се создаваат нови и трајни пријателства.
На ДИОН се градат уникатни, инспиративни и незаборавни извиднички сеќавања!
📍 Кога и каде?
🗓 10 – 12 октомври 2025 година
📌 Локација: ќе биде дополнително објавена
Повик за натпреварувачка комисија
Со цел подобра организација на ДИОН 2025, СИМ отвора повикот за членови на натпреварувачката комисија.
Кој може да се пријави?
- Секој извидник од полноправна членка на СИМ (одред).
- Кандидатите треба да се придржуваат до правилата утврдени во Правилникот за ДИОН 2025.
- Да поседуваат знаења и вештини поврзани со дисциплини и материјали што се оценуваат на натпреварот.
Задачи на комисијата:
- Организација и реализација на дисциплините,
- Соработка со одредот домаќин ИПО Сидро
- Соработка со канцеларијата и волонтерите на СИМ,
- Обезбедување фер и професионално оценување.
Како да се пријавиш?
Потребно е секој заинтересиран да пополни индивидуална пријава преку следниот линк:
👉 Кликни тука за пријава
Рок за пријавување: 20 септември 2025 година
Не пропуштај ја можноста да бидеш дел од тимот што стои зад најголемото извидничко натпреварување во Македонија!

