Сојузување 2025

Од 4 до 6 април 2025 година, во Извидничкиот Центар Охрид, Сојуз на извидници на Македонија успешно го реализираше националниот настан „Сојузување 2025“. Настанот беше посветен на јакнење на внатрешната координација, споделување добри практики и поставување основи за развојната стратегија на извидништвото во земјата. Во него учествуваа вкупно 81 извидник – водачи, началници и старешини од скоро сите одреди на територијата на Македонија.

Првиот ден (4 април) беше резервиран за пристигнување, регистрација, кратко претставување и тим билдинг активност, која придонесе за создавање позитивна атмосфера и прилика да се зближат претставниците од одредите.

На 5 и 6 април, учесниците беа поделени во две паралелни групи – водачи и началници од една страна, и старешини од друга – секоја со своја прилагодена агенда, но со заедничка визија: да се идентификуваат силните и слабите страни на одредите и да се подобри потенцијалот на сите одреди за понатамошен раст и развој на истите.

Акценти од агендата за водачи и началници:

  • План за работа во 2025 година и Safe from harm – поставување безбедносни и развојни приоритети;
  • Две сесии за „Green Skills“ – претставување на новата програма на светската извидничка организација за справување на климатски промени и прилагодување на истата на работа на СИМ.
  • Дискусија за јаките и слабите страни на одредите и предлог за справување се истите;
  • Отворена групна работа на теми како безбедност на акции, управување со кадри, враќање на традиционални акции и присуство на извидништвото во училиштата.

Акценти од агендата за старешини:

  • Одговорност, транспарентност и отчетност – како основи за стабилно управување;
  • Развој на Извидничкиот Центар Охрид како ресурсен центар;
  • Презентација и дискусија околу Стратегијата „СИМ 2030“;
  • Анализа на предизвиците и добрите практики во одредите, како и отворена дебата за нерешени прашања во системот.

Иако работата се одвиваше во одделни текови, вечерните активности беа заеднички, со цел вмрежување и споделување инспирација.

Цели и постигнати резултати:

  • Јакнење на капацитетите на одредите и на лидерските тимови
  • Идентификација на предизвици и создавање алатки за нивно надминување
  • Споделување успешни практики и методи
  • Поставување основа за стратешко вмрежување меѓу одредите
  • Промовирање на отворена комуникација и соработка

Целата галерија од настанот може да ја погледнете на следниот линк

Овогодинешното сојузување беше подражно од УНИЦЕФ како и Светската Извидничка Организација (WOSM).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *