Од 6 до 9 декември, во Извидничкиот центар Орел во Свети Николе, Сојуз на извидници на Македонија успешно го реализираше тренингот „Основи за пишување проекти“. На тренингот учествуваа млади извидници на возраст од 16 до 26 години, кои имаа можност да ги зајакнат своите вештини за планирање, пишување и управување со проекти.
Програмата на тренингот опфати:
- Вовед во основите на пишување проекти, вклучувајќи дефинирање на цели, препознавање на потреби и поставување SMART цели.
- Техники за идентификација на проблеми и потреби во заедницата, како и развој на проектни идеи.
- Презентација на можности за финансирање преку програми како Еразмус+, Европскиот солидарен корпус и други донаторски платформи.
- Практични сесии за дефинирање активности, буџетирање, управување со ресурси и временски рамки.
- Управување со ризици, обезбедување одржливост и подготовка на проектни предлози.
- Презентација и евалуација на проектните нацрти од учесниците, со повратни информации од обучувачите и останатите учесници.

Тренингот не само што ги збогати знаењата на учесниците, туку и ја поттикна нивната мотивација за примена на стекнатите вештини во нивните локални заедници. Работниот јазик беше англиски, што дополнително го зголеми нивниот капацитет за меѓународна соработка и проектно пишување.
Впечатоци од учесниците:
✨ „Ова беше одлична можност да научиме практични вештини и да добиеме инспирација за нови иницијативи.“
✨ „Програмата беше интерактивна и многу корисна – веќе почнувам да планирам нови проекти за мојата заедница.“
Работниот јазик беше англиски, што им овозможи на учесниците да се подготват за меѓународни проекти и да ги развијат своите презентациски и комуникациски способности.
Овој тренинг беше дел од проектот „Градиме лидери: Девојки во акција“, кој има за цел да ги зајакне лидерските и менаџерските вештини на младите со акцент на девојките во извидничките одреди и нивните заедници. Проектот се реализираше преку две фази: детектирање на потребите на младите девојки преку еднодневни собири и викенд работилници за управување со проекти. Преку овие активности, младите стекнуваат вештини за планирање, организација, буџетирање и тимско управување, со крајна цел развивање конкретни проектни иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на локалните заедници.

Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Соjуз на извидници на Македониjа, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).


