Градиме лидери: Девојки во акција

Градиме лидери: Девојки во акција е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Сојуз на извидници на Македонија, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).

Период на имплементација 01.10.2024-31.12.2024

Краток опис:
Проектот „Градиме лидери – Девојки во акција“е иницијатива за поддршка и оспособување на млади девојки од извидничките одреди низ Македонија. Целта е да се идентификуваат нивните потреби и предизвици и да им се овозможи развивање на лидерски и менаџерски вештини преку интерактивни собири и работилници. Проектот се спроведува во две фази: 3 еднодневни собири за детектирање на потребите на девојките и викенд тренинг за управување со проекти.

Целокупна цел:

Главната цел на проектот е да се промовира родова еднаквост и да се зголеми учеството на младите девојки на лидерски и менаџерски позиции во локалните извиднички одреди, обезбедувајќи им конкретни алатки и знаења за успешно управување со проекти.

Специфични цели:

1. Детектирање на специфични потреби и предизвици на девојките низ три
региони.
2. Развивање на проектни и лидерски вештини кај младите девојки преку
викенд работилници.

3. Поттикнување на девојките да преземат активни улоги во своите локални заедници и извиднички одреди.

Очекувани резултати:

 Шест проектни иницијативи водени од девојки, насочени кон подобрување
на локалните заедници и извидничките одреди.
 Зајакнати лидерски и менаџерски вештини кај 30 учесници.
 Позиционирање на младите девојки на повисоки лидерски и менаџерски
позиции во извидничките одреди.
 Подобрување на соработката помеѓу девојките и останатите членови на
извидничките одреди


Во октомври, Сојуз на извидници на Македонија започна со активна работа на оваа иницијатива со организација на првата работилница за детектирање на потребите на девојките која се одржа во пелагониски регион на 12.10.2024. Со оваа активност ја започнавме првата фаза од оваа иницијатива.

Втората работилница ја одржавме на 26.10.2024. Овој собир им понуди на младите девојки можност да развијат креативни решенија за потребите на девојките кои беа идентификувани на првиот собир.

Во следниот период продолжуваме со организација на уште една работилница и за организација на тренинг на тема пишување проекти и менаџмент со цел зајакнување на капацитетите на младите.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *